завјасан | прид.
Што вјаса; забрзан.
завјаса (се) | св.
Почне да вјаса; вјаса_1_2 Децата завјасаа по патот.
завладее | св.
Воспостави своја власт, освои нешто. Војската завладеа со градот. Бегот го завладеал целото село.
завладикува | св.
Почне да владикува; Откако тој завладикува, луѓето ја повратија вербата во црквата.
завладичи | св.
Постави, произведе некого за владика. Набрзо откако го завладичија, тој умре.
завлачи | св.
Почне да влачи; Ја завлачија волната со гребен. Тој ја завлачи нивата.
завлегува | несв.
завлезе | св.
Почне да влегува; влезе 1 и 6. Тој завлезе во тесните сокаци. Партизаните завлегоа во градот.
завлекува | несв.
завлече | св.
Почне да влече нешто не одвојувајќи го од површината, да носи нешто; влече Воловите ги завлекоа тешките греди. Жените го завлекоа килимот по скалите.