заголи (се) | св.
заголне | св.
Касне малку, колку да се залаже дека не е гладен. Поткаснаа само малку, колку да заголнат душа.
заголта | св.
Почне да голта;
загон | м.
Мера за површина; дољум. Продаде два загони земја.
загони | св.
Почне да гони;
загорен | прид.
Што е изгорен, подгорен при варење или при печење; загори_2 Загорен шеќер. Пита со загорени краишта.
загори | св.
Почне да гори; гори Огнот полека загори.
загорчи | св.
Почувствува горчлив вкус од нешто. Зелкава ми загорчи. Јадењето му загорчило на детето.
Загорје | ср.
Област во Хрватска.
загосподари | св.
Стане господар на нешто; завладее. Тој загосподари со целата земја.