завршен 1 | прид.

Што е доведен докрај, што е готов, целосен. Во завршениот дел од шталата мукаа две крави. Со реченицата треба да искажеме завршена мисла.

завршен 2 | прид.

Што е последен, краен, конечен. Завршен испит. Завршна верзија.

завршеток | м.

Краен, завршен дел од нешто; крај. Конфликтот имаше среќен завршеток. Песната завршува со еден од најпотресните завршетоци во македонската поезија.

заврши 1 | св.

Изврши, доведе нешто докрај. Тој го заврши школувањето. Го завршив портретот. Војната заврши. Чекав да завршат со разговорот.

заврши 2 | св.

Почне да врши; Денеска го завршија житото на големото гумно.

завршница | ж.

Краен, последен, завршен дел од некоја игра, работа, процес и сл. Таа теза најмногу доаѓа до израз во завршницата на пиесата. Овој запис претставува завршница на книгата. Во завршницата на натпреварот гостите го израмнија резултатот.

завршок | м.

Крај, завршеток. Сè има свој почеток и завршок.

завтаса | св.

Втаса, стигне, дојде до некого што е понапред. Тој го завтаса селанецот и го удри со грбачот. Брзаше да ја завтаса колоната.

завчас | прил.

Многу брзо, веднаш, вчас. Уморот завчас исчезна. Завчас се облече и излезе.