заграка | св.

Почне да грака. Некаде блиску заграка страчка.

загрвала | св.

Почне да грвала нешто. Тој го загрвала бурето по патот.

загргори | св.

Почне да гргори. Загргори водата во потокот.

загреан | прид.

Што е топол; грее. Загреан воздух. Загреан восок.

загреб | м.

Изгребана и расфрлена земја (од кучиња, пилиња и сл.).

Загреб | м.

Главен град на Хрватска.

загребе | св.

Почне да гребе; гребе Иглата загреба по грамофонската плоча. Загребал со ноктите во меката земја.

загрева | несв.