загака | св.

Почне да гака; Гуските загакаа и летнаа.

загали | св.

Почне да гали;

загар | м.

Ловечки пес; 'рт. Го одврза загарот и отиде на лов. Под тремот се меткаа два загара.

загарантира | св.

Тој ми загарантира дека ќе стигнам навреме.

загаси | св.

Направи нешто делумно или целосно да престане да гори или да свети; изгаси. Дождот го загаси огнот.

загасне | св.

Престане да гори или да свети; делумно или целосно изгасне. Огнот го оставија да загасне. Тој почна да го смука лулето што му загасна.

загатка | ж.

Исказ или прашање што треба да се реши. Се изненади кога го чу решението на загатката. На крајот, во форма на загатка, е дадено името на авторот.

загатлив | прид.