задолжи | св.
Оптовари некого со долг. Банката ја задолжи нашата фирма со кредит.
задолжителен | прид.
Што мора, што треба да се направи, без исклучок. Задолжителни часови. Задолжителни предмети во наставата. Задолжителна лектира. Задолжителен откуп.
задоми | св.
Ожени син, омажи ќерка, создаде семејство. Ќерката ја задомија минатата година. Ги задомив и двата сина.
задорица | ж.
задорко | м.
Лице што сака да се задира, да се задева со некого. Тој е голем задорко.
задорлив | прид.
Што има склоност кон задирање, кон задевање. Задорливо момче.
задорничав | прид.
задоцнет | прид.
Што се појавува по вообичаеното, определено време; Задоцнет минувач. Задоцнета грижа. Задоцнета пролет. Задоцнети сигнали.
задоцни | св.
Дојде, стигне подоцна, по определеното време. Брзаше за да не задоцни на училиште. Погледна во часовникот да види колку задоцнил.
задојница | ж.
Жена (обично некоја друга, а не мајката) што прва му дава да цица на новороденчето. За задојница ја одреди својата најдобра другарка.