заздрави | св.

Зацврсти нешто, направи да биде поздраво, поцврсто, постабилно. Сака да ја заздрави својата куќа.

зазелени (се) | св.

Почне да станува зелен. Напролет дрвјата повторно ќе (се) зазеленат.

зазема | св.

Почне да зема нешто; Без да праша, зазема од поставените јадења.

заземе | св.

Завладее, освои нешто (територија, град и др.) со војна, со борба. Борците на јуриш го зазедоа селото. Непријателот се обидуваше да ги заземе нашите позиции.

заземји | св.

Сврзе електричен апарат со земјата, направи заземјување.

зазими | св.

безл. се зазими. Кога ќе зазими, ќе се вратиме назад во селата.

зазира | несв.