закнижи | св.

Почне да книжи (во книговодство); книжи. Закнижи од рано изутрина.

закоби | св.

Почне да коби, да насетува зло. Гавранот што прелета како да закоби нешто.

закова | несв.

закован | прид.

Што е забиен, прицврстен; закове_1_2 Зачекори преку закованата поткова на куќниот праг.

закове | св.

Забие клинци во нешто со ковење. Прозорците ги заковале со штици. Тој ја закова вратата со клинци.

закожурчи се | св.

Се затвори како во кожурец, се изолира. Тој се закожурчи во својот внатрешен свет.

закокори се | св.

За гулаб, за мисир и сл. – почне да се кокори, да се перчи. Гулабите се закокорија низ дворот.

закол | м.

Место на вратот кај говедата, најпогодно за колење.

заколве | св.

Почне да колве; Кокошките заколваа од истурените зрна пченка.