залиже | св.

Почне да лиже; лиже. Тој си ги залижа усните. Кучето ја залижа коската.

зализга | св.

Почне да лизга нешто. Товарот го зализгаа по долги штици.

залипа | св.

Почне да липа, да плаче испрекинато. Таа залипа тивко. Одвај се додржа да не залипа.

залипне (се) | св.

Го залипна мирис на мувла. Се залипнав од плачење.

залисан | прид.

залисток | м.

Составен дел во вид на лист што затвора, поклопува некој отвор (кај срце, кај вена и сл.). Срцеви залистоци.