заличи | св.

Почне да личи на нешто или на некого, да изгледа како нешто или како некого. Ќе ти направам нов костум да заличиш на човек. Гласот на командантот заличи на татнеж.

залов | м.

Вид прибор за риболов.

залог 1 | м.

Вреден, драгоцен предмет или имот што се заложува за извесно време заради заем во пари. Накитот го даде како залог.

залог 2 | м.

Глаголска категорија, својство на глаголските форми да го покажуваат односот на лицето кон глаголското дејство; дијатеза. Активен залог. Пасивен залог.

залогори | св.

Направи и се смести во логор. Залогорија неколку дена.

заложба | ж.

Залагање, заложување за нешто; усилба. Креативна заложба. Патриотска заложба. Големи заложби.

заложен | прид.

Што се однесува на залог1. Заложна банка.

заложи | св.

Даде, остави нешто во залог. Тој ја заложи куќата. Таа го заложила златниот прстен.

заложилница | ж.

Место (установа, фирма и сл.) каде што се заложуваат предмети за да се добијат пари. Старите, вредни предмети ги однесе во заложилница.