буфка (се) | несв.

Треска, удира силно предизвикувајќи шум, соодветен звук, Тој се буфкаше на земјата.

буфне (се) | св.

Тресне, удри предизвикувајќи соодветен шум. Одејќи занесено тој буфна во затворената врата.

буфта (се) | несв.

Треска, удира силно предизвикувајќи соодветен шум. Крај бреговите се буфтаа крупни крапови.

буц! | изв.

За дејство на буцкање, Треба да му направиш буц, па да тргне

буца (се) | несв.

а) Боде, прободува. Детето со прстето ги буца сите присутни. б) (прен.) Козинавите покрови буцаат.

буцка | несв.

Боде, прободува. Тој ме буцкаше со прстот во слабината.

буцкало | ср.

Сврдел, шило, тоа со што може да се буцка.

буцканица | ж.

Везало, сè во што се боцка со игла со цел да се навезе, закрпи, сошие и сл. Доста ми е од твоите буцканици.

буцне | св.

Прободе. Стариот со бастунчето буцна во вреќата.

бучава | ж.

Бука, ширење силни звуци. На полноќ се чу бучава, потоа татнеж.