избавувач | м.

Спасител, избавник, избавител.

избакне | св.

Бакне повеќепати; бакне, бакнува, баци. Таа го избакна детето по образите и по рацете. Тој ја извади сликата од писмото и ја избакна.

избања | св.

Заврши со бањање; искапе. Тие го избањаа мртовецот и го спремија за закоп.

избара | св.

Со упорно барање најде, пронајде. Избарал една стара книга.

избаца | св.

Извалка, избербати нешто.

избаци | св.

Бакне повеќепати, едно по друго;

избега | св.

Се оддалечи со трчање; бега Избега од бојното поле. Прасето избегало од кочината.

избегне | св.

Спречи несакан настан, ситуација. Претседателот го избегна атентатот. Го избегна ударот. Ја избегне средбата. Го избегна одговорот на прашањето. Го избегна непријатниот разговор. Избегна голема несреќа.

избезобрази се | св.

Стане безобразен во позасилен степен. Денешниве млади се избезобразиле. Од некое време многу се избезобразил.

избезумен | прид.

Што се избезумил. Избезумена старица плачеше и корнеше коси. Избезумен од страв.