издолжи | св.

Продолжи, направи да биде подолго од порано; Го издолжи вратот кон луѓето што влегуваа.

издотера | св.

Дотера во голем број: а) луѓе; б) добиток; дотера 2. Уреди, многу добро изработи, направи. Ја издотерале куќата, за милина.

издраска | св.

Повреди, оштети драскајќи. Трњето го издраска по лицето.

издргне | св.

Истрие, изриба. Со сапун и со четка ги издргна штиците.

издрдори | св.

Дрдори, кажува некому нешто што не треба да се каже. Тој издрдорел за состанокот пред полицајците.

издржан | прид.

Што вреди, што е на цврсти основи. Издржана критика. Издржан реферат. Естетски издржан текст.

издржи | св.

а) Истрпи, поднесе; истрае. Болниот ја издржа операцијата. Пливачот издржа две минути под вода. б) Се совлада. Тој не издржа да не викне (да не се насмее, да не стане од креветот итн.) 2. а) Докрепи, се држи да остане неоштетен. Покривот не ја издржа тежината на снегот. Насипот ја издржа стихијата на дотечената река. б) Се одржи, задоволи определени барања, критериуми. Неговиот прв роман не ја издржа критиката. Машините не ја издржаа пробата.

издржлив | прид.

Што може многу да издржи. Оваа сорта е издржлива на ниски температури.

издрмоли | св.

Силно, грубо затресе целосно. Го издрмоли детето што го фати во дворот како краде.

издрнда | св.

дрнда_1 Ја издрнда целата волна.