измалтретира | св.
Комшијата го измалтретирале во банката.
измама | ж.
Лага, невистина. Се збогати со измама и безброј злосторства. Тој со измама ги истера старите господари.
измамен | прид.
Што го измамиле, излажале. Измамените протестираа пред општината.
измами | св.
Се послужи со лага, измама; излаже, мами. Тие двајца го измамиле туристот продавајќи му ја двапати истата приколка.
измамник | м.
Тој што мами постојано со цел да има материјална корист. Вешт измамник. Измамниците му ги зеле парите на стариот со измама.
измати | св.
Ја измати матеницата. Ги измати јајцата и ги испржи.
изматка | св.
Измами, излаже. Ја изматкаа старата да им го препише станот.
измачен | прид.
Што го мачеле, што поминал низ маки и тешкотии. Измачено лице. Измачен човек.
измачи | св.
Зададе маки, тешкотии, натера на тешки напори; Тие ги измачуваа заробениците со глад и тежок труд. Качувањето на шифоњерот горе во поголемата соба ги измачи носачите.
измачка | св.
Направи нешто да биде намачкано; мачка. Мајсторот измачка гипс по ѕидовите.