идеален | прид.

Што се однесува на идеал, возвишен. Идеална љубов.

идеализам | м.

(филоз.) Учење според кое основа на сè што постои во светот е духот, идејата, а не материјата; материјализам.

идеализатор | м.

Тој што идеализира, што преувеличува нешто или некого.

идеализаторски | прид.

Што се однесува на идеализатор и идеализација. Идеализаторски став.

идеализација | ж.

Преувеличување на некого или нешто, возвишено претставување; идеализирање. Херојска идеализација. Идеализација на селото. Поетска идеализација на ликот.

идеализира | св. и несв.

Преувеличи, преувеличува, претстави, претставува некого или нешто возвишено, со идеални својства. Поетот ги идеализира ликовите.

идеалист | м.

(филоз.) Приврзаник на идеализмот.

идеалистички | прид.

Што се однесува на идеали

идеен | прид.

Што е поврзан со определена идеја; идеолошки. Идеен протагонист. Идејно воспитување. Идејни елементи на Народноослободителната борба.

идеја | ж.

Одраз на стварноста во нашата свест како производ на мислењето; претстава, поим за нешто.