изохипса | ж.

Линија што на географската карта ги спојуваат местата со иста надморска висина.

изработен | прид.

Што е направен како производ на труд, на работа. Изработените брошеви ги изложи во излогот.

изработи | св.

Направи, произведе. Овие чевли ги изработи најдобриот мајстор.

изработка | ж.

(само едн.) Процес на работа на некаков производ, на некаков предмет; изработување. Изработка на домашни ракотворби. Изработка на машка и женска конфекција.

израдува | св.

Предизвика радост. Писмото го израдува стариот.

Израел | м.

Држава во Азија.

израз | м.

Надворешен изглед на нешто (на очи, лице и сл.), изразување на чувства. Имаше чуден израз на лицето. Израз на страв.

изразбега се | св.

Побегне на разни страни, во голем број. Сите се изразбегале кога се појавил падарот.

изразболи | св.

Направи да се разболи некој или повеќемина. Ги изразболеа децата по овој дожд.

изразбуди | св.

Направи некој или повеќемина да се разбудат од спиење. Таа ги изразбуди децата викајќи.