Атос | м.
Планина во Грција.
ат-пазар | м.
Пазар за коњи, сточен пазар. Отидоа да купат коњ на ат-пазар.
атрактивен | прид.
Интересен, привлечен, примамлив, необичен. Атрактивна жена. Атрактивна облека. Атрактивно место.
атракција | ж.
Нешто интересно, необично, занимливо. Неговиот мелодичен глас претставуваше атракција каде и да се појавеше.
атрибут | м.
Карактеристика, својство, особина, одлика. Коњот се сметал за аристократски атрибут во класична Атика.
атрибутивен | прид.
Што се однесува на атрибут; што врши служба на атрибут
атриум | м.
Претсобје; преден дел од храм.
атрофија | ж.
(мед. и биол.) Смалување, слабеење, сушење на некој орган или ткиво поради негова недоисхранетост или долга неактивност. Специјалистот констатира атрофија на едниот бубрег. Атрофијата на стеблото на растенијата е знак за заболување.
атрофира | св. и несв.
(мед.) Заостане, заостанува во развојот, не се развие, не се развива нормално. Органите за варење кај јагулите полека атрофираат во текот на целото патување. При оваа болест дел од мозочното ткиво постапно атрофира.
ау | изв.
За изразување на изненадување или на чудење. Ау, колку си пораснал!