аѓутант | м.
(воен.) Офицер на служба кај некој повисок старешина. Царски аѓутант. Аѓутантот на генералот.
аѓутантство | ср.
Звање, должност на аѓутант.
ај! 1 | изв.
Извик за повикување. Ај дојди ваму!
ај 2 | чест.
За истакнување и нагласување на наредната информација при што се изразуваат различни чувствени односи: одушевување, чудење, тага и сл. Ај, што ми беше една снага, една снага тенка и висока. Ај, што немам сѐ што сакам.
ајазма | ср.
Осветена вода
ајат | м.
Трем, ходник, претсобје, собичка во куќата. Влегов во ајатот од куќата. Црквата имаше големи ајати со редици клупи покрај ѕидовите.
ајва | ж.
Алатка за лепење со калај.
ајван | м.
Животно, добиток. Селаните, качени на ајваните, одеа во Битола.
ајвар | м.
Вид салата од печени, мелени и пржени пиперки. Гостите ги почести со ајвар и сирење.
ајгар | м.
Коњ пастув.