ашиќаре | прил.

Јавно, очигледно.

ашка | несв.

Турка. Децата се ашкаа пред вратата. Девојчето го ашкаше братчето на клупата.

ашканица | ж.

Турканица, бутканица, метеж. Одеднаш се стори една ашканица во чекалната и редот се загуби.

ашколсум | изв.

Прекрасно, одлично, браво

ашладиса | св.

Накалеми.

ашлак | м.

Неранимајко, мангуп. Таткови дворја ли дигнавте, бре ашлаци, та што сте се разгаштиле?!

ашлама | ж.

Калем.

Ашхабад | м.

Главен град на Туркменистан.