автомеханичар | м.
Лице што се занимава, што поправа и што одржува автомобилски мотори, мотори со внатрешно согорување. Го носам камионот кај автомеханичар.
автомобил | м.
Индивидуално моторно патничко возило на четири тркала. Спортски автомобил. Отворен автомобил. Стар автомобил.
автомобилизам | м.
Дејност, работа со автомобили.
автомобилист | м.
Лице што е возач на автомобил; лице што се бави со автомобилски спорт.
автономен | прид.
Слободен, независен, самостоен. Борбата е за автономна територија, а не за некаква си федерација. Ова е автономен процес кој не се врзува со други дејства.
автономизам | м.
Движење што се стреми кон остварување на автономија на одредена област.
автономизира | св. и несв.
Направи, прави нешто да стане слободно и самостојно, да стане автономно.
автономија | ж.
Самоуправување, обично во рамките на поширока заедница што ја има централната власт. Борци за црковна автономија. Племенска автономија. Зборовна автономија. Малцинска автономија.
автономист | м.
Лице што е поборник на автономизмот. Мене ми треба Македонија и неа ја бранам. Ме нарекоа автономист и на сув остров ме испратија.
автопат | м.
Модерен автомобилски пат, обично со по две еднонасочни ленти; автострада. По некој автомобил ќе поминеше по автопатот.