Абиџа | ж.
Главен град на Нигерија.
абнормален | прид.
Што е противприроден, што е ненормален, неправилен. Абнормален раст. Абнормален случај.
аболира | св. и несв.
Примени, применува аболиција, прекине, прекинува кривично гонење.
аболиција | ж.
Укинување, простување казна, помилување.
абонамент | м.
Претплата со која се потврдува абонирањето. Управата испрати абонамент за годишна претплата на списанието.
абонација | ж.
Претплата Тој изврши абонација за цела година.
абонент | м.
Претплатник. Тој е абонент на ова списание.
абонира | св. и несв.
Изврши, врши претплата, има. Институтот абонираше сопствени средства за користење странски списанија.
абонос | м.
Вид црно, тврдо тропско дрво од кое се прави мебел, сувенири, уметнички предмети и др. Прозорец од абонос.
абоносов | прид.
Што е од абонос. Маса од абоносово дрво. Абоносова врата.