абдицира | св. и несв.
Се откаже, се откажува од престол или од наследно право на престол. Кралот абдицира.
абдомен | м.
Стомак, стомачна празнина, мев.
абдоминален | прид.
Што се однесува на абдомен. Абдоминални сегменти.
абер | м.
Глас, вест, новост, порака. Го чекам абер да донесе. Им стори абер. Добив абер од војникот. Прати им абер да дојдат.
аберџија | м.
Лице што носи некаква порака, гласник. Не сум пиле за стрелање, туку сум пиле аберџија, од царот сум допратено. Куќа од куче нема штета, кучето е аберџија, а не е лошо на срце.
абецеда | ж.
Сите букви од латиницата наредени по утврден ред. Латинска абецеда
абецедар | м.
Список на нешто по абецеден ред. Неговото име ќе го најдеш во абецедарот.
абецеден | прид.
Што се однесува на абецеда. Абецеден ред.
аби | несв.
Троши со употреба. Со лошо возење бргу ги абиш сопирачките.
Абисинија | ж.
Поранешно име на Етиопија.