Абориџин | м.
Домородец од австралискиот континент.
абортира | св. и несв.
Прекине, прекинува бременост, дозволи, дозволува да се изврши хируршка интервенција со која се прекинува бременоста. Таа абортира во некоја скопска клиника.
абортус | м.
Пометнување, предвремен прекин на бременост.
абразив | м.
Ситнозрнеста материја што се употребува при полирање, чистење на метални, камени, стаклени и други предмети.
абраш | м.
Рус човек со бенки на лицето. Лицето му се подисчистило и станал најубавиот абраш што го познавам.
абрашест | прид.
абрашлив | прид.
Што е со бенки на кожата. Абрашливи дојки. Абрашливо лице.
абрашлија | прид.
Тој што е со бенки на кожата;
абревијатура | ж.
Скратеница за сложен назив.
Абу Даби | м.
Главен град на Обединетите Арапски Емирати.