акне | св.
Удри силно. Фидан го акна кучето со еден стап.
ако | чест.
Со значење на одобрување како дополнување на исказот; добро, нека. Ако ќерко, ти само оди. Ако, ако, нека, нека, и ова еднаш да се сврши.
ако | сврз.
Во зависносложена реченица го воведува условот искажан со зависната реченица, кој може или можел да се исполни, од што се определува и извршувањето или неизвршувањето на дејството во главната реченица. Ако го преживеам овој ден, ќе ти бидам благодарен целиот живот. Ако учев, ќе научев. Ако купев ќе имав.
акомодација | ж.
Приспособување, акомодирање.
акомодира се | св. и несв.
Се приспособи, се приспособува кон нешто.
Аконкагва | ж.
Планински врв во Јужна Америка.
аконтација | ж.
Однапред дадени пари во помал износ од вредноста на трудот, улогата или на стоката; аванс, заем.
акорд | м.
Созвучје, истовремено звучење на три или повеќе тонови со различна висина. Последните акорди замреа.
акордеон | м.
Стар музички инструмент, сличен на рачна хармоника.
Акра | ж.
Главен град на Гана.