Абхазија | ж.
Автономна област во Кавкаскиот Регион, отцепена од Грузија.
ав! | изв.
За имитирање, подражавање на кучешко лаење. Ав, ав– кутрето лае.
ава | ж.
Воздух. Да излеземе на ава.
аван | м.
Сад, обично метален, за толчење кафе, црн пипер, слануток и др. Таа го столчи сланутокот во аванот.
авангарда | ж.
(воен.) Трупи што се претходница, извидница, први борбени редови.
авангарден | прид.
Што е предводнички, претходнички, напреден, истакнат. Авангардни литературни струења. авангардност
аванс | м.
Уплата или исплата за нешто однапред. Настојувам преку капар или аванс цврсто да ги врзам купувачите. Таа подигна аванс за пат.
авансира | св. и несв.
Даде, дава аванс, предвреме даде, дава како влог дел од договорен износ. Владата ги авансира изданијата на оваа издавачка куќа.
авантура | ж.
Возбудливо, необично доживување, несекојдневна случка. Стана витез скитник и тргна по светот со своето оружје и коњот, барајќи авантури. Љубовна авантура.
авантуризам | м.
Страст, склоност за авантури и необични доживувања.