авантурист | м.
Лице што има склоност кон авантури, што ризикува, ловец на среќа. Големите авантуристи имаат највозбудлив живот.
Авар | м.
Припадник на древен народ од азиско потекло.
Авганистан | м.
Држава во Средна Азија.
август | м.
Осмиот месец во годината; житар.
авенија | ж.
Широка градска улица, најчесто со дрвореди и цвеќиња. Шетаа по новата авенија крај плажата.
аверзија | ж.
Одвратност, гнасење, нетрпеливост. Кај него се забележуваше неискажлива аверзија кон женската облека.
аверс | м.
Предна страна на метална пара или медал;
авиокомпанија | ж.
Компанија што конструира или одржува средства за летање. Конструкторите на авиокомпанијата го создадоа новиот модел од тој тип авиони.
авиомеханичар | м.
Механичар во авијацијата.
авион | м.
Метална направа за летање што ја движи мотор, а се одржува во воздух со помош на крила. Биди стрплив, ќе леташ со авион, хеликоптер, можеби со ракета. Млазен авион. Пробен авион. Транспортен авион.