антрацит | м.
Камен јаглен со висока калоричност и со сјајна црна боја.
антре | ср.
Мало претсобје, предворје. Малечкото претсобје, некој вид антре на ателјето, беше полно народ.
антропо- | претс.
Како прв дел од сложенки што означуваат дека нешто е во врска со човек, за човек, човечки (антропологија).
антрополог | м.
Специјалист по антропологија.
антропологија | ж.
Наука за потеклото, развитокот и биолошката природа на човекот.
ануитет | м.
Износ со кој се отплаќа долгорочен заем.
анулира | св. и несв.
Поништи, поништува, прогласи, прогласува за неважечки.
анус | м.
Заден отвор на дебелото црево кај човек или кај животно.
анфас | прил.
Отспреди. Сликарот го црташе анфас, а не од профил.
анџак | прил.
Бидејќи, и така, штом. Анџак си тука, да ја завршиме работата.