анџар | м.

Долг, тенок и извиен нож, остар од двете страни.

анџија | м.

Сопственик на ан. Анџијата рано го отвори анот.

аншлус | м.

Присилно приклучување, присоединување на туѓа територија.

аорист | м.

Минато определено свршено време: дојдов; видов; реков.

аорта | ж.

Главната артерија што излегува од левата преткомора на срцето.

ап | м.

Лек во вид на плочка, таблета. Зема по два апа на ден.

Апалачки Планини | и.

Планински масив во Северна Америка.

апанажа | ж.

Годишна сума пари што му се исплаќа на владетелско семејство од државниот буџет. Апанажата на принцот претставуваше голема сума пари.

апансаз | прил.

Ненадејно, одненадеж, неочекувано. Апансаз се појави, од никаде.

апарат | м.

Сложено, готово изработено техничко средство што со вклучување врши или овозможува вршење определена работа. Фотографски апарат. Телефонски апарат.