авитаминоза | ж.

Заболување предизвикано од недостиг на витамини во организмот.

авитаминозен | прид.

Што се однесува на авитаминоза.

авијатичар | м.

Лице што управува со авион; лице што служи или работи во авијација. Авијатичарите се осудени сѐ да гледаат од птичја перспектива, од висина.

авијација | ж.

Воздухопловство; средства за летање, за движење по воздух: авиони, хеликоптери и сл. Воена авијација. Цивилна авијација.

Aвињон | м.

Град во Франција.

авка | несв.

За куче – испушта специфичен звук, лае со смален интензитет. Во дворот авкаа кученцата.

авлија | ж.

Двор. Зад него имаше непокриена авлија со бунар и трева.

авра | ж.

Еврејски храм, синагога.

Австралија | ж.

Континент и држава.