апстинира | св. и несв.

Се воздржи, се воздржува од учество во некаква дејност. Во последно време тој апстинира на семејните веселби, ниту јаде ниту пие.

апстракт | м.

Кус извадок од некој текст, расправа, студија; резиме.

апстрактен | прид.

Што потекнува од апстракција, замислен, обопштен; што постои само како поим.

апстракција | ж.

Изделување на особини на предмети и појави со цел да се најде заедничкото, општото, суштественото.

апстрахира | св. и несв.

Оддели, одделува, издвои, издвојува; групира одделно за да се добие заклучок за нешто, оттргне, оттргнува нешто од целост. Тој ги апстрахираше примерите кои ја потврдуваат оваа појава.

апстрахираност | ж.

Исклученост, издвоеност од определена целина. Апстрахираноста на субјективното изнесување ја зголемува вредноста на делото. Принципот на апстрахираност или изделеност е основната карактеристика на тој метод.

апсурд | м.

Бесмислица, нелогичност, глупост, невозможност.

апсурден | прид.

Бесмислен, нелогичен, глупав, невозможен. Со своето однесување често се доведува во апсурдни и невозможни ситуации.

апсцес | м.

Гноен оток, гноење.

аптека | ж.

Продавница во која се подготвуваат и се продаваат лекови.