аптекар | м.
Човек што подготвува и што продава лекови; фармацевт.
аптекарство | ср.
Аптекарска дејност.
ар 1 | м.
Просторија за коњи и говеда, обор, штала. Ги поведе коњите кон арот.
ар 2 | м.
Единица за мерење површина, сто квадратни метри.
араба | ж.
Запрежна кола.
арабаџија | м.
Човек чиешто занимање е да превозува стока со запрежна кола.
арабаџилак | м.
Арабаџиска дејност.
арабеска | ж.
Орнамент, шара карактеристична за ориенталната уметност изведена со геометриски и растителни елементи. Ѕидовите беа ишарени со арабески од цвеќиња врз светлосина боја.
Арабија | ж.
Арабиска Пустина | ж.
Пустина на Арабискиот Полуостров.