бичен | прид.
Што е обработен со бичење. Збиваа маските под товарите борина и бичени штици.
бичи | несв.
Сече, реже трупци за штици, греди и сл. Бичкиџијата бичеше ноќе. Аврам бичи тополи.
бичкија | ж.
Рачна пила од дрвена рамка и челичен лист со остри запци на долниот раб. Запците од бичкијата. Секирите на дрварите и бичкиите на бичкиџиите.
бичкиџилница | ж.
Место каде што се бичи.
бичкиџија | м.
Тој што бичи со бичкија.
бичува | несв.
Удира, тепа со бич. Бичува силно.
бишка | ж.
бишкар | м.
Бишкек | м.
Главен град на Киргистан.
биљбиљ | м.
Мала преселна птица што пее убаво, славеј; Luscinia megarhynchos. Шарен биљбиљ. Пее како биљбиљ.