блејзер | м.

Лесно машко или женско спортско палто; сако.

блека | несв.

Блекаат јагнињата.

блекне | св.

За овца, јагне – испушти карактеристичен глас. Белото јагне блекна два-три пати.

бленда | ж.

Уред со кој се регулира количеството светлина што доаѓа низ објективот на фотографскиот апарат, микроскопот или рендгенскиот апарат.

блеска | несв.

Силно сјае, силно свети, одразува силна светлина, силен сјај. Августовското сонце блескаше. Во полутемнината блеска месечината. Блеска златниот медал. Езерото блеска со стаклест отсјај.

блескав | прид.

Што блеска, многу сјаен. Блескав сјај. Блескав ден. Блескав меч. Блескава светлина. Блескаво небо. Блескаво сечило. Блескаво сребро.

блескот | м.

Блесок, сјај. Силен блескот. Блескот од молња. Блескот од езерото. Блескотот на чистата река. Блескот од нож. Блескотот на хеленизмот.

блескотен | прид.

Што е со блескот, што блескоти. Блескотен водопад. Блескотни ѕвезди.

блескоти | несв.

Блеска, сјае. Сонцето блескоти по снегот. Силно блескоти површината на езерото. Блескотат кристалите.

блесне | св.

Наеднаш испушти силна светлина; силно светне. Блесна молња. Блесна сјај.Сонцето ќе блесне меѓу облаците. Блесна светлина од фарови. Градските светилки блеснаа.