бочварство | ср.

Бочварски занает. Бочарството изумира во последниве години како занает.

бочен | прид.

Страничен. Бочната страна на бродот беше малку оштетена од ударот.

бош | прид.

Празен, несодржаен, јалов. Бош муабет. Бош работа.

Бошавица | ж.

Река во Македонија.

Бошавија | ж.

Област во Македонија во подножјето на планината Кожув.

Бошњак | м.

Припадник на мнозински народ во Босна и Херцеговина.

бој 1 | м.

Битка, вооружен судир. Бој се биеше за секој човек, за секоја куќа. Закипе страшен бој.

бој 2 | м.

Висина, раст. Фенерот беше кренат во висина на човечки бој. Водата имаше два човечки боја длабочина

боја | ж.

Впечатокот што го остава на очите обоеноста на предметот. За килимот употребуваше волна во различни бои. Сината боја ги опушта нервите, виолетовата боја внесува нерасположение, тажно чувство, црвената боја буди страст, љубов.

бојадиса | св.

Направи нешто да добие определена боја, премачка со боја. Вратите и прозорците ќе ги бојадисаме со бела боја.