брекина | ж.
Листопадно дрво од родот оскоруша; Sorbus torminalis.
брекне | св.
Набабри, набрекне, се подуе. Жилите му брекнаа.
бреме | ср.
Тежок товар што го носи еден човек. Девојките дрварки слегуваат од планина со бремиња дрва.
бремен | прид.
Жена што е трудна, што носи плод. Сосетката беше бремена, очекуваше пород. Мода за бремени жени.
бременост | ж.
Состојба кога жената носи плод, од зачнувањето до породувањето. Жената беше во првите месеци на бременоста.
бренди | ср.
Вид ракија, жесток пијалак. Келнерот ги послужи со бренди.
бреслика | ж.
Млад брест. Селаните сечеа смреки и бреслики.
брест | м.
Листопадно шумско дрво; Ulmus. Меѓу нив, по личнотија двои еден млад брест.
брестов | прид.
Што е од брест. Брестова шума. Брестови гранки.
Бретања | ж.
Област во Франција.