бреца | несв.

Пецка, навредува, префрлува нешто некому.

брецлив | прид.

Навредлив, што бреца. Брецливи зборови.

брецне (се) | св.

Пецне, навреди некого, префрли нешто некому. Тој сака да брецне.

бреј | изв.

брз | прид.

Што во кусо време поминува поголемо растојание. Брзата вода им ги режеше нозете. Најбрзото дете ќе добие награда.

брза | несв.

Настојува да изврши некакво дејство за што покусо време. Таа брзаше да ги нахрани свињите.

брзак | м.

Место на река, на поток каде што водата тече брзо. Рибарите се веќе излезени кај брзаците, со завртени ногавици.

брзаница | ж.

Дејство што се одвива со голема брзина, со брзина поголема од вообичаеното, со брзање, со итање. Со брзаница се врати. Во брзаницата пукнав, па не знам дали го погодив.

брзга | несв.

Прска, брзо тече во кратки струи. Водата брзга на сите страни. Од вената брзгаше крв.

брзина | ж.

Степен на остварување на дадено дејство во однос на изминатото време. Брзина на пишување. Брзина на решавање задача.