брусница | ж.
Црвена боровинка, дрво и плод; Vaccinium vitis idaea L.
брут | м.
Долгнавест метален шилест предмет со главче на другиот крај што може да се закове, да спои, да зацврсти нешто; клинец, шајка.
брутален | прид.
Претерано груб, суров, безобѕирен. Тие биле мачени и брутално убивани.
бруто | прид.
Тежина на стока заедно со обвивката и амбалажата.
бруцелоза | ж.
Заразна болест кај животните која се пренесува и на луѓето преку производите од заразено животно или при директен допир со него. Од бруцелоза заболуваат најчесто овчарите, краварите и ветеринарните работници.
бруцош | м.
Студент на прва година без положен испит. Бруцошите ги прими деканот на факултетот.
брца | несв.
Става нешто во некоја течност, најчесто во вода; топи, потопува. Детето ги брцаше рацете во нечистата вода.
брцка | несв.
брцне | св.
Стави, потопи нешто во некоја течност, најчесто вода. Тој ја брцна перодршката во мастилницата и започна да го пишува писмото.
брчало | ср.
Дел од гајдата кој дава монотон низок тон. Стана, им отиде на гајдаџиите, им ги затна брчалата и запреа свирките.