бунар | м.

Ископана и обѕидана длабока јама за вадење подземна вода. Луѓето градеа куќи, копаа бунари, оградуваа дворови.

бунарџија | м.

Тој што копа бунари. Ѓуро бунарџијата копаше бунари во сите околни села.

бунгалов | м.

Приземна дрвена куќичка за летување. За празникот изнајмивме бунгалов.

бунгур | м.

Дробена пченица. Домаќинката секој ден мелеше бунгур.

бунда | ж.

Горна облека од крзно. Дамите се завиткаа во бели бунди.

буни | несв.

Поттикнува на бунт, бунтува. Тој отсекогаш го бунел народот.

бунило | ср.

Состојба на полусвест, обично при болест со висока температура. Братчето беше во бунило.

буништарец | м.

Вид инсект што живее на буниште; Geotrupes stercorarius.