бек | м.

Играч од одбраната на фудбалски тим. Лев бек. Десен бек.

бекне | св.

За овца, јагне – испушти карактеристичен глас. Не бекна ниедна овца во трлото.

бекрија | м.

Љубител на пијалак и ноќен живот; пијаница; боем. Тој беше бекрија и безделник од рана младост. Момчиња, млади бекрии.

бекташ | м.

Припадник на дервишкиот ред, по името на основачот Бекташ.

бекче | ср.

Младо бекче.

бел | прид.

Што има боја на снег, на млеко и сл.; спрот. црн. Бел гулаб. Бел коњ. Бел цвет. Бели лебеди. Бел мермер. Бело платно.

Беласица | ж.

Планина во Македонија.

белач | м.

Тој што бели, варосува; молер.

белвица | ж.

Вид ситна слатководна риба со бели, седефести крлушки; Samothymus ohridanus.