белвичар | м.

Вид рибарска мрежа за ловење белвици.

Белгија | ж.

Држава во Европа.

Белград | м.

Главен град на Србија.

белевче | ср.

Дем. од белешка 2.

белег | м.

Природен или вештачки знак за распознавање. Покусата нога била само белег. На овците им ставаа белег на десното уво.

белее | несв.

Обелува, губи од интензитетот на својата боја. Облеката белее на сонце. Од често перење алиштата белеат.

бележан | прид.

Обележен, означен. Бележан пат. Евреите се движеа бележани.

бележи | св. и несв.

Става белег, ознака. Јагнињата ги бележат на Благовец. Говедата ги бележеа со усвитено железо. Тој го бележеше просторот до шумата.