бесвест | ж.
Состојба на тој што е бесвесен; бесвесност, несвесност. Беше паднал во бесвест. Го дави до бесвест. Пијан до бесвест.
беседа | ж.
Говор при свечен собир, посебно подготвена реч. Тој одржа беседа за улогата на поетот и поезијата. Поздравна беседа. Збирка на излагања и беседи.
беседи | несв.
Држи беседа, држи говор. Таму ги учеа како да беседат.
беседник | м.
Тој што држи беседа, говорник. Тој се пројави како активен полемичар и беседник за актуелните книжевни прашања. Беседникот одржа беседа за делото на уметникот.
беседништво | ср.
Говорничка особина, говорништво; проповедништво.
бесеже | ср.
Вакцина против туберкулоза според француската скратеница БСГ; Bacil Calmette-Guerin. Новороденчињата веднаш примаат бесеже.
бесен | прид.
Што е болен од беснило. Кога кучето ќе го прогласат за бесно, секој ќе најде камен да фрли по него. Бесен коњ. Бесен волчјак. Бесни пци.
беси | несв.
Врзува, закачува нешто да виси. Овчарите бесат ѕвонци на овенот, предводник на стадото. На плотот селанките ги бесат волнените килими да се ветреат.
бесилка | ж.
Дрвена направа на која е прицврстена ортома со јамка за извршување на смртна пресуда со бесење. Некои заробеници ги завршиле своите животи на бесилка. Му ги врзаа рацете и го однесоа на бесилка.
бесило | ср.