бикини | и.

Дводелен женски костим за капење со минимални димензии. Атрактивна девојка во бикини.

биланс | м.

(екон.) Состојба на приходите и расходите за определен период. Годишен биланс. Позитивен биланс. Трговски биланс. Платен биланс.

билансен | прид.

Што се однесува на биланс. Билансен ефект. Билансно салдо.

билансира | св. и несв.

Направи, прави биланс. Сметководството ги билансира приходите и расходите.

билатерала | ж.

Заемна обврска, двостраност.

билатерален | прид.

Што се воспоставува меѓу две страни, двостран. Билатерален договор. Билатерална соработка. Билатерални односи.

билдер | м.

Тој што развива мускули со вежбање за подобар физички изглед.

билен | прид.

Што е од билје, што се однесува на билје. Билен сок. Билни екстракти. Билна аптека. Билно семе.

билет | м.

Карта за превоз. Резервира билет. Автобуски билет. Возен билет. Повратен билет. Повластени билети. Три билета.