вон- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење дека е нешто надвор од тоа што е означено со вториот дел (вонбрачен, вонреден, вонсериски, вонучилиштен).

вонблоковски | прид.

Што не припаѓа, не е поврзан со воено-политички блок. Вонблоковска политика. Вонблоковски земји.

вонбрачен | прид.

Што не е озаконет со брак, што е надвор од бракот. Вонбрачен син. Вонбрачна врска. Вонбрачна жена.

вонвременски | прид.

Што не зависи, не е врзан за определено време. Вонвременски карактер. Вонвременска состојба.

вонземен | прид.

Што не е реален, природен. Вонземен живот. Вонземна појава. Вонземни суштества.

вонка | прил.

вонканцелариски | прид.

Што не произлегува, не се однесува на работењето во канцеларија. Вонканцелариска работа. Вонканцелариско време.

вонкашен | прид.

вонматеричен | прид.

Што е, што се случува надвор од материцата. Вонматерична бременост. Вонматерично заболување.

вонпартиец | м.

Лице што не е член на ниедна политичка партија. Јас сум вонпартиец. На средбата со градоначалникот присуствуваа и вонпартијци.