вонреден | прид.

Што не е редовен, што е надвор од вообичаениот ред. Вонреден студент. Вонредна седница. Вонредно издание.

вонсериски | прид.

Што е натпросечен, што се изделува од другите. Вонсериска личност. Вонсериски раскажувач. Вонсериски уметници.

вонучилиштен | прид.

Што не се случува, што не е поврзан со училиштето. Вонучилишна настава. Вонучилишни активности.

вонјазичен | прид.

Што не припаѓа, не произлегува од јазикот. Вонјазично значење. Вонјазична појава. Вонјазични средства.

вообичаен | прид.

Што обично или најчесто се случува, се применува, се среќава. Вообичаен пречек на гости. Беше во својата вообичаена облека. Се состануваа на вообичаеното место.

вообичаи | св.

Прифати нешто како обичај, како навика. Младите брзо го вообичаија носењето фармерки.

вообликувачки | прид.

Што може да се вообликува. Вообликувачки елемент.

вообличи | св.

Даде облик на нешто, оформи. Овде морето ги вообличило крајбрежните карпи.