волчки | прид.

волчко | м.

Назив за волк во народните приказни. Волчко нушкаше во снегот. Кумчо волчко.

волчјак | м.

Вид германско овчарско куче што личи на волк. Чуваше еден огромен волчјак. Во мугрите пуштија волчјаци.

волшебен | прид.

Што е магичен, што дејствува волшебнички. Волшебен прстен. Волшебна приказна. Волшебна сила.

волшебник | м.

Тој што има моќ да прави натприродни нешта; маѓепсник.

волшебништво | ср.

(само едн.) Дејност на волшебник, правење волшепства, маѓии. Во селото имаше една стара жена што се занимаваше со волшебништво.

волшепство | ср.

Според празноверните претстави, таинствена појава што нема објаснување во природните закони; маѓија. Нејзиното волшепство е резултат на некакви таинствени сили. Секој не може да прави волшепства.

волја | ж.

Една од основните психички способности на човекот која управува со неговите свесни постапки и решава дали нешто ќе се направи или не. Никој не можел да ја скрши неговата челична волја. Само мојата волја определува што ќе ми се случува.

вомјази | св.

Силно изненади, запрепасти некого. Моето влегување го вомјази неканетиот гостин. Ја вомјазија неговите груби зборови.

вон | предл.