вообразба | ж.
Замислување, измислување на нешто што не постои; мечта, фантазија. Такви земни убавини човековата вообразба не е кадарна да измисли. Тоа беше плод на моите вообразби.
вообразен | прид.
Што е замислен, измислен, нереален. Живее во еден свој вообразен свет. Се загледа во некоја вообразена точка пред себе.
вообрази | св.
Претстави, замисли, измисли нешто што не постои. Тој вообразил дека е најдобар спортист во градот.
воодушевен | прид.
Што е возбуден, восхитен, занесен. Беше воодушевен од глетката. Се слушаа воодушевени извици.
воодушеви | св.
Предизвика силна возбуда, занес, восхит. Младиот пијанист со својата изведба ја воодушевил публиката.
воомјази се | св.
воопштен | прид.
Што има општ карактер, што се однесува на нешто општо, заедничко. Ќе донесеме воопштен став. Поставивме некои воопштени барања.
воопшти | св.
воопшто | прил.
Земено општо, како општа појава, без оглед на посебни случаи. Тој пишува за животот на селото воопшто. Уметноста воопшто го облагородува човекот.
вооружен | прид.
Што има, што е снабден со оружје. Вооружена придружба. Вооружени војници.