ваму | прил.

На ова место, тука. На многумина им изгледам дека сум дојден ваму за да ја спасам својата кожа. Ела, ваму!

ваму-таму | прил.

На сите страни. Ја бараше ваму-таму под големите дрвја.

вангелоса се | св.

Се исплаши, го фати ужас. Тој исцибри и се вангелоса.

вангла | ж.

Поголем, обично емајлиран кујнски сад со потесно дно и поширок отвор. Нечистите садови ги ставаше во ванглата за подоцна да ги измие.

вандак | м.

Врзоп, сноп, нешто врзано во сноп или куп. Вандак сено. Еден вандак алишта.

вандал | м.

Човек наклонет кон уништување, особено културни вредности.

Вандал | м.

Припадник на древно германско племе.

вандализам | м.

Дивјаштво, уривање и разорување особено на културно–уметнички споменици.

вандалство | зам.

Луѓето ги напуштаа квартовите згрозени од нашето вандалство.