валчевест | прид.
валчест | прид.
Што има издолжено тркалезна форма, тркалест. А тој беше бумбарест, со бело валчесто лице.
валчи | несв.
Прави, обликува нешто во издолжено тркалезна форма.
валјак | м.
Машина за набивање патишта.
вам | зам.
Долга форма за индиректен предмет од личната заменка вие; се употребува сама или заедно со кратката форма ви. Јас вам ништо не ви велам.
вамошен | прил.
Што е ваму, тукашен. Вамошни села.
вампир | м.
Според народното верување, мртовец кој навечер го напушта гробот, ги дави луѓето и им ја пие крвта.
вампири се | несв.
Се претвора во вампир.
вампироса се | св.
Се претвори во вампир, стане вампир.
вампирџија | м.
Според народното верување, тој што може да види или да убие вампир.