ванила | ж.

Вид тропско растение чиј плод поради убавиот мирис се користи како зачин; Vanilla planifolia.

Вануату | ср.

Островска држава во Меланезија во Тихиот Океан.

вапса | св.

Обои со боја. Ги вапса јајцата рано изутрина. Ја вапса облеката.

вапсан | прид.

Обоен. Вапсано јајце. Вапсана облека. Вапсана коса.

вапсанка | ж.

Невкусно напудрена, нашминкана жена.

вапсило | ср.

Боја за вапсување.

вар | м.

Печен варовник, што се користи за варосување и во градежништвото. Таму не беше белено со вар, ами со бела земја. Негасена вар. Хлорна вар

варак | м.

Многу тенок лист од злато, што се употребува за украс.