воштани | несв.
воштаница | ж.
воштен | прид.
воштеница | ж.
Восочна свеќа. Ја запали црвената воштеница.
вошти | несв.
воштинар | м.
Лице што прави или што продава свеќи. Стар воштинар.
воштинка | ж.
Непречистен мед, сот со мед. Од воштинките излегуваа оси.
вој | м.
Виеж, виење. Волчи вој.
војва се | несв.
Се мотка, се вртка, се шетка ваму–таму. Неколку дена се војваше по градот. Се војвале цел ден и цела ноќ. Ми се војва зад грб.
војвода | м.
Водач, предводник на бунтовничка дружина или востаничка чета во времето на турското ропство. Се пронесе глас дека ќе дојде војводата Гоце Делчев. Се собраа прилепските војводи со своите чети.